Жозе Мурињо го привлече вниманието со интересни одговори во свој стил во гостувањето во подкастот на Оби Џон Микел, а посебно е впечатлив неговиот одговор за најголемото менаџерско име во Премиер лигата. Португалецот и самиот работеше во Англија каде освојуваше и трофеи, но не може да се споредува со бројките на Алекс Фергусон и Пеп Гвардиола. Во изборот за најдобар менаџер во историјата на натпреварувањето, Мурињо сепак истакнал друг стручњак. ...

Жозе Мурињо, гостувајќи на подкастот кај својот поранешен фудбалер Џон Оби Микел, доби прашање дали мисли дека Фергусон или Гвардиола е подобар тренер. „Ферги или Пеп? Не можете да ги споредувате. Не можете да споредите две различни генерации или нивниот потенцијал. За Премиерлигата и двајцата се историски личности. Но, за мене најголемата историска личност во Премиерлигата е Клаудио Раниери. Човекот беше шампион со Лестер. Тоа беше најголемата ...