Светиот маченик Сава Готски Во готските краишта имаше сурово гонење на христијаните. Еден готски кнез дојде во селото каде што живееше благочестивиот Сава и ги запраша селаните има ли во нивното село христијани. Тие му се колнеа дека нема ниеден. Тогаш Сава застана пред кнезот и рече: „Никој нека не се колне за мене, зашто јас сум христијанин.“ Кога го виде беден и сиромав, кнезот го пушти во мир велејќи: „Од тебе нема ни полза ни штета“. ...
Беше многу богат, но заради љубовта Христова го раздаде сиот имот, стапи во Печерскиот манастир и се замонаши. Кога Пољаците завојуваа со Киев во 1097 година, го ограбија манастирот, многумина христијани и монаси ги убија, а Евстратиј со уште неколкумина верни го продадоа во ропство на некој Евреин во градот Корсун. Овој Евреин ѝ се потсмеваше на христијанската вера и ги принудуваше христијаните да преминат во еврејската вера. Кога видоа дека ...
Бојан (Енравот) беше бугарски кнез, и беше паганин. Кога на бугарскиот престол стапи неговиот брат Маломир (Владимир), благоверниот кнез Бојан му се обрати со молба да го ослободи од ропство христијанинот Кинамон (Кинам), кој долго време беше во затвор затоа што одби да учествува во паганското жртвопринесување при кнезот Обрит (Крутогон), претходникот на Маломир. Желбата на Бојан беше исполнета, и тој, откако го виде до крајност изнемоштениот ...