Македонската женска кошаркарска репрезентација го запиша вториот пораз во првата фаза во квлификациите, откако денеска загубија од Хрватска со 83-55. Кошаркарките добро се носеа само во првата четвртина, кога беше 19-17 за Хрватска, а потоа целосна доминација на домаќинките, кои на полувреме заминаа со +12, а како одминуваше финишот, само ја зголемуваа разликата, за целосниот успех да го комплетираат во последниот период кој го добија со 20-8. ...

Македонија скоро две години беше во серија без пораз на официјален натпревар, но вечерва четата на Благоја Милевски беше целосно надиграна од Велс во Кардиф. Во првите 45 минути примивме три гола на „Милениум“, потоа Вилсон со магична пета асистираше до Џејмс за 4-1, а шлагот на победата на Велшаните го стави токму асот на Фулам со велемајсторски погодок од слободен удар. Со оваа победа Велс ќе ја прескокна Македонија и групата ќе ја заврши на ...