Македонската фудбалска репрезентација го почна третиот дуел од тековните мундијалски квалификации против репрезентација на Белгија. Арената Тодор Проески во Скопје е речиси полна, олујата пред стартот на мечот не ги поколеба нашите навивачи да пристигнат и да ја наполнат. Селекторот на македонската фудбалска репрезентација ги одбра најдобрите 11 фудбалери за вечерашниот натпревар против Белгија во рамки на квалификациите за Европското првенство. ...
Во натпревар исполнет со емоции и неизвесност, македонската фудбалска репрезентација одигра 1:1 против силната Белгија во квалификациите за Светското првенство 2026. Иако Белгија поведе во 28. минута преку Максим Де Кујпер, македонските фудбалери не се предадоа. Во 86. минута, Езѓан Алиоски со спектакуларен удар од левата страна на шеснаесетникот ја затресе мрежата на Белгија, израмнувајќи го резултатот и донесувајќи голема радост на домашните ...