Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 10 март. Денеска е Св. маченик Кодрат Коринтски. Кога во 249 година по Христа на римскиот престол дојде царот Декиј Трајан, за христијаните започна еден од најлутите прогони. Многумина беа затворени. Во тоа време во градот Никомидија живееше некој си Кодрат. Тој ги потплаќаше стражарите и ги посетуваше христијаните во затворот, носејќи им се што им е потребно. Кога дојде време, ...
За време на гонењето на христијаните многумина верни се разбегаа по планините и по пештерите. Така направи и мајката на овој Кодрат. Но, токму во тоа време беше бремена, па во шумата го роди Кодрат и наскоро умре. По Божја Промисла, пазен од ангелот чувар, хранет и воден, Кодрат порасна во осаменост во дивината. Оној Кој му даваше манна од небото на Израилот во пустината, му пушташе и на младенецот Кодрат слатка роса од облаците на усните. ...