Мојата визија е театарот како институција да нѐ доведе до извонредни моменти на заедничка имагинација. Театарот ни овозможува преку заеднички напредок да застанеме на нови места за подобро да се разбереме себеси и светот околу нас. Македонскиот народен театар ни покажува кои сме, кои сме биле и кои би можеле да бидеме во иднина, вели во интервју за „Република“ Никола Кимовски, директор на Националниот театар кој утре, на трети април слави голем ...
Пред главниот влез долга редица за бесплатни билети за денешниот театарски маратон, со кој што МНТ прославува осум децении постоење. А, внатре, на малата сцена, изведба на детската претстава „Распеана турлитава“. Работена е по текст и во режија на Снежата Конеска – Руси, највозрасната активна актерка од овој театар, со кариера долга 50 години. „Целта е многу јасна. Ова е пред сѐ претстава за најмладата популација. Најстарата актерка за ...