Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и канализација, известува дека утре ќе нема вода во населбата Расадник. „Поради изведување на водоводен приклучок на водоводна мрежа со пречник од Ф-150 мм на улицата Христо Татарчев бр. 47, од 09 часот до завршување на работните активности, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица и кулите – Расдник во општина Кисела Вода. ...

Екипите од Секторот за месни заедници при Општина Кисела Вода изминативе денови интензивно работеле на расчистување на мини депониите на територијата на општината на кои генерално имало оставено кабаст отпад и шут. – Правилното складирање и управување со отпадот е од клучно значење за зачувување на животната средина и здравјето на граѓаните. Несоодветното одложување на кабастиот отпад доведува до загадување и создавање на диви депонии, кои ...