„Верувам дека овој пат ќе победи визијата, прогресивноста и љубовта кон татковината. Граѓаните ќе изберат да застанат зад политики што носат правда, еднаквост и фер можности за сите. Овие избори нема да бидат само избор меѓу партии, ова е избор меѓу минатото и иднината!“, рече Филипче. Тој испрати повик дека е време за работа, за проекти, за сигурност и за достоинство. Но и време за општини каде наместо застој, ќе се градат патишта, ...

Со само неколку десетици или нецели сто освоени гласа на избирачите во некоја од општините на претстојните локални избори, некои политички партии ќе си обезбедат државно финансирање на своите активности од по 50.000 – 60.000 евра во наредните четири години!? Истовремено, за оние што ќе освојат, можеби, и по неколку илјади гласови како независни кандидати во одредена општина, нема да има никакви парични средства. Ваквата апсурдност ќе се повтори ...