Нерешено 33:33 заврши вечерашното дерби во „Автокоманда“ меѓу Алкалоид и шампионот Еурофарм Пелистер. Дуелот од 3. коло на македонското ракометно првенство донесе драматична завршница. Алкалоид на две минути пред крајот имаше предност од два гола и двајца ракометари повеќе, но и тоа не беше доволно за конечна победа. Битолчани до бод дојдоа со голот на Хосни во последната секунда. За Алкалоид ова е втор нерешен резултат, и двете реми се на ...

Фаворитот Алкалоид викендот ќе гостува во СРЦ „25 Мај“ каде во рамки на 4. коло на ракометната Суперлига ќе се соочи со Радовиш. Повеќе од јасна е разликата во квалитет и се очекува сигурна и убедлива победа за тимот од Автокоманда кој го води Кирил Лазаров. Охрид ќе гостува во Битола каде ќе се соочи со повратникот Еурофарм Пелистер 2, каде охриѓани ќе ја имаат улогата на фаворити и ќе бараат триумф. Поранешниот шампион Вардар ќе гостува во ...