Законите и правилата се јасни и секој мора да ги почитува, порача денеска премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање за апсењето на српскиот пејач Аца Лукас во петокот на настап во Кавадарци. Тој посочи дека не знаел за случајот и оти пред неколку дена бил информиран од соработниците во кабинетот, по завршувањето на настанот, нагласувајќи дека внимателно ќе ги следат, како што рече, однесувањата на таквите естрадни уметници ...

Премиерот Христијан Мицкоски денеска беше прашан како ги коментира обвинувањата за наводна вмешаност во апсењето на српскиот пејач Аца Лукас во Кавадарци. „Јас не ни знаев дека тоа се случило, да бидам искрен. Ми се јавија луѓето од кабинетот да ме информираат пред неколку дена мислам дека тогаш се случило. Претпоставувам дека некој сака да направи естрада од тоа што таму се случило и да ја пренесе тука, но мислам дека не треба многу внимание ...