До крајот на квалификационата група во која е македонската репрезентација преостануваат само уште четири натпревари, по кои ќе се знае пласманот на првите три позиции, бидејќи извесно е дека Казахстан е четврти, а Лихтенштајн петти. Нашата селекција во моментов е на втората позиција со 13 бода од седум одиграни натпревари и гол-разлика 12-3 (+9), додека Велс е трет со 10 бода и еден натпревар помалку од Македонија, со гол разлика 13-10 (+3). ...
Белгија ќе ги заврши квалификациите на првото место, а Македонија и Велс во меѓусебниот дуел во Кардиф во последното коло ќе одлучуваат која ќе биде втора. Македонија има три бода повеќе, но Велс има натпревар помалку, меч со Лихтенштајн на гостински терен. Доколку го победат тој меч, што е многу извесно, бодовно ќе се изедначат со Македонија, па при евентуално реми на меѓусебниот дуел во Кардиф, гол разликата ќе одлучува. Гол разликата во овој ...

