Тоа беше натпревар кој се играше 90 минути, односно три полувремиња по 30 минути со цел сите ракометари да добијат поголема минутажа. Македонија на подготовките во Србија ќе одигра уште два натпревари. Утре ќе се сретнеме со Динамо Панчево, а на 29. декември со Саудиска Арабија. Македонската репрезентација на 15. јануари го почнува настапот на Светското првенство, прв противник ни е Унгарија, а во нашата група се уште и селекциите на Холандија и ...

Преостануваат уште два дена од подготовките во Србија на најдобрите македонски ракометари. По скоро една недела и две победи на контролни натпревари, момците на Кирил Лазаров ќе одиграат уште еден контролен натпревар, а потоа ќе се вратат во нашата земја. Иако беше предвиден тест против репрезентацијата на Саудиска Арабија, македонската репрезентација ќе спарингува со уште посилен ривал. Имено, утре попладне Македонија ќе се сретне со ...