Македонскиот ракомет остана без голем работник, затоа што ненадејно во текот на ноќта почина тренерот Александар Јовиќ. Јовиќ почина на 51-годишна возраст, а последно работеше како тренер на македонскиот суперлигаш Пролет. Низ тренерската кариера беше асистент на Лино Червар во Металург, а самостојно го водеше и Металург 2 и Еурофарм Пелистер со кого стана шампион на Македонија. Како играч, Јовиќ беше дел од Металург, Вардар, Пелистер, Преспа, ...
Македонскиот ракомет завиен во црно, утрово ненадејно почина Александар Јовиќ, дологодишен поранешен македонски репрезентативец и актуелен тренер на Пролет Јовиќ е роден 1973 година, а тој остава голем белег врз македонскиот ракомет. Роден во Бјелина, Босна и Херцеговина, Јовиќ како ракометар настапуваше Јафа Промет од Ресен, Вардар, Пелистер и Металург, каде што ја заврши својата кариера, додека пак во странство настапуваше и за италијанска ...