Сите автобуси на ЈСП во четвртокот попладне се вратија на улиците низ главниот град, откако Град Скопје обезбеди плата за вработените. Автобусите половина ден беа гаражирани, возачите одбија да возат, оти им доцнеше плата за септември. Градот Скопје, под чија капа е јавното претпријатие, скрати од други проекти за да им исплати плати. По половина ден автобусите на Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) се вратија на улиците во главниот град. ...

Јавното Сообраќајно Претпријатие денеска за прв пат ги остави скопјани без јавен превоз. Вработените во ЈСП штрајкуваат поради задоцнети плати. – Иако законскиот рок за исплата на платите е до 15 текот на месецот, дел од менаџментот на ЈСП одлучи дека треба со манипулации и подбуцнување на дел од вработените да го остави градот без јавен превоз со образложение дека се доцни со исплата на плати, порачаа од Град Скопје. За настаните реагираше и ...