Србија убедливо ја совлада Чешка во четвртото коло од групната фаза на Евробаскетот со 82:60. Веќе по првите 10 минути од играта, беше јасно во кој правец ќе оди овој натпревар, со оглед на тоа што Србија постигна 27 поени во првата четвртина. Аврамовиќ со 14 и Петрушев со 13 поени беа најефикасни во составот на србија, додека кај Чесите Бохачик постигна 12 поени. Кошаркарите од Литванија славеа со 81:78 во дербито со Финска и обезбеди место во ...

Со натпреварот меѓу Србија и Турција (90-95) во Рига вечерва беше комплетирана групната фаза во групата А на Евробаскет, а по овој дуел станаа познати и првите четири двојки за осминафиналето, бидејќи денеска се одиграа и последните натпревари во групата Б. По жестока борба и неизвесен резултат во текот на сите 40 минути, Турција покажа повеќе концентрација во финишот и славеше со 95-90, со што го обезбеди првото место во групата А. Србија ќе ...

Литванија успеа да ја победи Шведска, но сепак далеку од тоа дека беше лесно за големиот фаворит. На крајот резултатот гласеше74:71 што најдобро кажува како беше на овој натпревар во Тампере. Во секој случај Литванија без разлика на овој меч веќе беа во осминафиналето, но сепак сакаа со победа да ги завршат настапите во групата. Шведска изненадувачки ја доби првата четвртина со 21:14, речиси резултатски егал беше во втората, па така на пауза се ...

Словенечката кошаркарска репрезентација се пласираше во осминафиналето на Евробаскетот 2025 со победа над Исланд денеска од 87:79. На крилата на неверојатниот Лука Дончиќ, кој го заврши натпреварот со 26 поени, Словенците со две победи се сигурни патници во елиминациската фаза. Исланд денеск апокажа дека е респектабилен состав кој се до последната минута од мечот беше комплетно во игра дури и за победа. Во вториот меч одигран попладнево немаше ...