54 лица на издржување на казна во тетовскиот затвор, но и околу 70 болни и неподвижни лица го остварија своето право на глас. Овие лица гласаа уште во 7 часот наутро во просториите на затворот, а мобилен тим на Општинската изборна комисија ги посети домовите на изнемоштените лица кои поднеле барање за гласање. „Во тетовскиот затвор гласаа 54 затвореници. Имаме 69 лица кои се пријавиле за да го остварат своето право на глас дома. Имаме седум лица ...

Во затворот Идризово гласањето за претседателските избори денеска се одвива без проблеми, иформираат за МИА од Избирачкиот одбор. -Подготвките за гласањето завршија одлично. Гласањето започна во 7 часот и се одвива без проблеми. Во Избирачкиот список за ова гласачко место број 2536 се запишани 887 избирачи, а до пладне на гласање излегоа 235, изјави за МИА членот на Избирачкиот одбор Тони Трајковски. Согласно Избирачкиот список денеска треба да ...