ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Еве како течеше гласањето во затворот во Тетово

54 лица на издржување на казна во тетовскиот затвор, но и околу 70 болни и неподвижни лица го остварија своето право на глас. Овие лица гласаа уште во 7 часот наутро во просториите на затворот, а мобилен тим на Општинската изборна комисија ги посети домовите на изнемоштените лица кои поднеле барање за гласање.

„Во тетовскиот затвор гласаа 54 затвореници. Имаме 69 лица кои се пријавиле за да го остварат своето право на глас дома. Имаме седум лица кои гласале, а кои се ангажирани како членови на изборната комисија во дипломатските претставништва, четири лица кои се надвор од семејна грижа и две лица кои се исселени во странство“, рече Назми Даути Општинска изборна комисија.

На утрешните избори во Тетово ќе има вкупно 117 избирачки места, а право на глас имаат 86.405 лица. Што се однесува до околните општини, во општина Боговиње, на 38 избирачки места, има 28.570 гласачи, во Желино, 25.132 на 35 избирачки места, во општина Теарце 22.421 лице со право на глас на 30 избирачки места, во Брвеница на 24 избирачки места, 15.897 лица имаат право на глас, а во општина Јегуновце, 10.000 гласачи можат да го искористат правото на глас на вкупно 21 избирачко место.

Башким Сулејмани

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button