Баер Леверкузен нема намера да се откаже од трката за титулата во Бундес-лигата откако „фармацевтите“ вечерва славеа со 3-1 над Бохум, доближувајќи се на само три бода од лидерот Баерн Минхен (баварците утре го играат својот меч од ова 27. коло). И без помошта на најдобриот фудбалер Флоријан Вирц, избраниците на Чаби Алонсо одиграа квалитетен натпревар, доминираа на теренот и заслужено дојдоа до цел плен. Гарсија со прецизен удар од работ на ...
Актуелниот германски шампион Баер Леверкузен оствари важна победа од 3-1 против Бохум на домашен терен и се доближи на само три бода негатива во однос на лидерот Баерн Минхен на врвот на табелата во Бундеслигата. Баерн има и еден натпревар помалку, со оглед дека утре ќе го пречека Сент Паули во тековното коло. Алеиш Гарсија го доведе Баер Леверкузен во водство во 20-тата минута, а само шест минути подоцна израмни Феликс Паслак. Сепак, во ...