Левиот бек Никола Најдоски, повторно ќе го носи дресот на Тиквеш. После една година мината во гевгелиски Кожуф, а претходно и во велешки Борец, 20-годишниот фудбалер се врати во својот матичен клуб. Најдоски играше во Тиквеш се до февруари 2023 година, а потоа замина во Борец, па во Кожуф, и сега после две години одново е во матичниот клуб. Најдоски е петтото засилува за кавадарчани после Михалјевиќ, Купанов, Јонус, Воша и Миловановиќ. Крадењето ...

Дејвид Мојс се врати на чело на Евертон. Стручњакот повторно ќе биде на кормилото на „карамелите“ на местото на Шон Дајч, кој вчера доби отказ. Договорот на 61-годишниот Шкотланѓанец е до летото 2027 година. Мојс веќе беше на чело на „карамелите“ од 2002 до 2013 година. Под негово водство, тимот стигна до финалето на ФА Купот во сезоната 2008/09. Шкотланѓанецот раководеше и со други тимови во Премиер лигата, вклучувајќи ги Манчестер Јунајтед, ...