Новиот прволигаш Арсими промовира странско засилување за следната сезона во која ќе се натпреварува во ПМФЛ. Нов член на тимот од Чергане е Амер Дрљевиќ. Станува збор за искусен стопер кој доаѓа во Македонија од родната Босна и Херцеговина. Дрљевиќ последните три години ги мина во редовите на Игман Коњиќ за кој во тековната сезона одигра 28 првенствени натпревари. 31-годишникот низ кариерата настапуваше само во босанскиот фудбал, а освен за ...

Дебитантот во нашата елитна лига за сезоната 2025/26, тимот на Арсими, вечерва преку своите официјални социјални мрежи се пофали со ново име.Тоа е Амер Дрљевиќ, стопер од БиХ кој има 31 година и е висок 190 см. Досега во својата кариера Дрљевиќ играл за клубови од БиХ, како Олимпик, Горажде, Игман, Славија Сараево, ова ќе му биде прв предизвик што се однесува за интернационална кариера. Инаку Дрљевиќ е трето ново име ова лето во редовите на ...