Меморандум за соработка за отворање нова катедра „Античка грчка историја: Александар Велики и неговата ера“ – на Филозофскиот факултет при Универзитетот „Аристотел“ во Солун, бил потпишан денеска во присуство на грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, јави дописничката на МИА од Атина. Како што информираа од кабинетот на грчкиот премиер, целта на основањето на катедрата е „систематско и документирано истражување на историјата на Александар Велики, ...

Полицијата во Нови Сад го уапси денеска познатиот опозициски политичар Миша Бачулов, како и уште две лица, поради учество во протестите пред Филозофскиот факултет, кои, како што објавија градските медиуми, полицијата и деканот ги држеа под клуч три дена. Протестите на студентите и граѓаните започнаа завчера откако деканот на факултетот, Миливоје Алановиќ, влезе во зградата со група професори и им нареди на студентите, под закана со дисциплински ...