Русија изведе ноќен напад врз североисточниот украински град Суми, при што беа ранети 11 жители, меѓу кои и четири деца, соопштија денеска украинските служби за итни случаи. Сумскиот регион се граничи со Русија и е под постојан напад и од беспилотни летала и од ракети. Службите за итни случаи објавија на Телеграм дека Русија погодила висока станбена зграда, куќи и инфраструктура. Според гувернерот на регионот, Игор Калченко, Русија нападнала ...
„Руските сили ги нападнаа регионите Дњепропетровск и Одеса. Шест лица загинаа, меѓу нив и две деца,“ се наведува во објавата на Телеграм. Украинските власти информираа и дека во јужната Запорошка област околу 58.000 домаќинства останале без електрична енергија поради нападот. Од почетокот на руската инвазија во 2022 година, Москва редовно ја таргетира украинската инфраструктура, оставајќи делови од земјата без струја и приморувајќи ја Украина ...

