Документот ги уредува техничките, финансиските, правните и организациските прашања поврзани со подготовката, изградбата и работењето на објектот на прекуграничниот железнички тунел Деве Баир, јавија бугарските медиуми. На почетокот на ноември годинава претставници на Македонија и на Бугарија, со посредство на претставници на Европската комисија, Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) и Европската инвестициска банка (ЕИБ) се договорија да ...

Владата на Бугарија го одобри нацрт-договорот со Северна Македонија за изградба и работа на прекуграничниот железнички тунел „Деве Баир“, ќе се формира мешовит комитет и ќе се разговара со макеоднската страна за текстот на договорот, соопшти денеска прес-службата на Советот на министри. Како што пренесува БТА, целта е да се направат јасни обврски и рокови за изградба на железничката врска меѓу Бугарија и Северна Македонија. – Министерството за ...