Фудбалската репрезентација на Македонија влегува во завршната фаза од подготовките за најважниот натпревар во овој циклус на квалификации. Пред патувањето за Кардиф каде следниот вторник против Велс ќе го одиграме решавачкиот натпревар за освојување на второто место во групата, нашите најдобри фудбалери денеска формата ќе ја темпираат со пријателскиот натпревар против Летонија во Скопје. Селекторот Благоја Милевски, очекувано во својот прв ...

Македонската фудбалска репрезентација на пријателскиот дуел со Летонија од 18 часот ќе тргне во формација 4-3-3. Селекторот Милевски малку ги измеша картите и реши да поштеди дел од силите, па така на клупа се Миовски и Елмас, а во шпицот шанса од прва минута добива Растодер со Чурлинов и Ристовски како крила. За очекување е сите да добијат шанса и да фатат ритам пред многу поважниот меч гостувањето кај Велс во вторник. Вечерва очекуваме победа ...