34-годишниот Бразилец признал дека добил 5 000 евра од македонски државјанин за да го изврши транспортот на кокаинот од Сао Паоло до Скопје Полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција, синоќа на скопскиот аеродром уапсиле 34-годишен Бразилец оти кај него биле пронајдени два килограма кокаин кои биле наменети за македонскиот пазар. Дрогата била пронајдена во еден од куферите со кои тој допатувал во Скопје, а лицето признало дека ...

Синоќа во 23:50 часот на Граничниот премин „Меѓународен аеродром-Скопје“, откако му бил одбиен влез во државата, полициски службеници од Оддел за криминалистичка полиција го лишиле од слобода Д.С.А.Д.(34) од Бразил, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. -При претрес над бразилскиот државјанин од страна на полициски ...