Кошаркарите на Маџари стигнаа до првата историска победа во домашниот шампионат откако вечерва на домашен терен славеа над Тиквеш со 76-74 во 5. коло од Првата лига. Натпреварот почна израмнето и двете екипи одиграа одлично во одбраната па по десет минути игра домаќинот имаше минимална предност од 16-15. Слично се одвиваше и втората четвртина во која Маџари повторно беше за нијанса подобар тим па на пауза меѓу двете полувремиња замина со ...
По четири драматични порази во Првата лига, екипата на Маџари конечно ја дочека првата победа во најсилниот кошаркарски шампионат, што воедно е и историска победа за тимот од излезот на Скопје. Во дуелот со Тиквеш, играчите на Маџари повторно беа дел од инфарк завршница и решаваа нијанси, но овојпат среќата и нервите беа на нивна страна и победија со поените на Амар Хот во самата завршница. При резултат 74:74, Хот успеа да ја надмудри ...

