Колку е направено од тоа што беше предвидено со Законот? Зошто новите обврски сè уште се само на хартија? И зошто македонскиот стандарден јазик не добива третман каков што заслужува, и покрај новата правна рамка? Претседателката на Здружението на лектори, проф. д-р Елизабета Бандиловска, остро реагира на непочитувањето на Законот, оценувајќи дека проблемот започнува уште од градинките, продолжува во образовниот процес, а кулминира во јавните ...

Завршува една година која ветуваше многу за македонскиот стандарден јазик, но остави уште повеќе прашања отворени. Во јануари 2024 година, со многу очекувања и поддршка од јавноста, беше донесен новиот Закон за употребата на македонскиот јазик. Закон кој предвидува поголема грижа, примена и заштита на македонскиот јазик преку задолжителни лекторирања, вработување лектори во јавните институции и формирање Инспекторат за контрола на неговата ...