Раководството на Баерн Минхен неодамна го договори трансферот на Луис Диаз од Ливерпул, а наредната цел повторно е фудбалер кој досега настапуваше во Премиер лигата. Баварците се навикнаа на шопинг од англиските клубови, а менџментот сега се обидува да договори трансфер на Николас Џексон од редовите на Челси. Конкуренцијата во нападот на лондонскиот тим сезонава ќе биде многу поголема и Сенегалецот веќе не е во прв план по доаѓањето на играчи ...
Баерн Минхен ќе мора да се справи некое време без младиот офанзивен играч за врска Пол Ванер поради повреда, објави баварскиот гигант. 19-годишниот офанзивен играч за врска има мала повреда на левиот зглоб, која ја доби за време на пријателскиот натпревар против Тотенхем , кој Германците го добија убедливо со 4:0. Според информациите, Ванер ќе биде надвор од теренот околу 10 дена како превентивна мерка, што автоматски го исклучува од натпреварот ...