ИСТАНБУЛ (АА) - Метеорит за кој се верува дека е најголемо „парче“ од Марс на Земјата е продаден на аукција во Њујорк за 5,3 милиони долари, јавува Анадолу. Метеоритот од Марс, наречен НВА 16788, тежи 25 килограми и беше откриен во пустината Сахара во Нигер во ноември 2023 година. Според научниците, тој бил исфрлен од површината на Марс по силен удар од астероид, патувајќи 225 милиони километри до Земјата. Метеоритите се парчиња од комети, ...
Еден од најретките предмети од вселената доби нов сопственик – на аукција организирана од "Sotheby’s", беше продаден метеорит од Марс за неверојатни 5,3 милиони долари. Станува збор за камен пронајден во 2023 година во оддалечен дел од Сахара, во Нигер. Метеоритот, именуван како "NWA 16788", тежи над 24 килограми и е за дури 70% поголем од вториот најголем марсовски метеорит што некогаш бил пронајден на Земјата. Димензиите му се 37,5 × 28 × 15 ...
Метеорит, за којшто се верува дека е најголемото „парче“ од Марс паднато на Земјата, е продаден на аукција за 4,3 милиони долари (3,71 милиони евра), вклучувајќи ги даноците и другите трошоци. Метеоритот, познат како „НВА 16788“ (NWA 16788), беше продаден во аукциската куќа „Сотби’с“ вчера. Тежи 24,5 килограми, што го прави масивен во споредба со повеќето марсовски метеорити, коишто обично се само мали откршоци. Метеоритот е откриен во ноември ...