Почнаа уписите на 12 факултети и три академии на Универзитетот „Гоце Делчев“(УГД) во Штип. Проректорот на УГД-Штип, Мишко Џидров на денешната прес-конференција изјави дека уписите ќе траат во наредните три дена, а според електронското пријавување и годинава најголем интерес за запишување на студенти во прва година за академската 2025-2026 година има за Факултетот за медицински науки. Слободни места на сите факултети и академии има за над 2.100 ...
„Сите кандидати кои на нашиот сајт направиле профил ќе мора да ни ги достават документите во нашите наставни центри низ Македонија. Така покрај Штип можат да ги достават документите во Скопје, Струмица, Кавадарци и во Гевгелија. Морам да потенцирам дека ако се интересираат за студиска програма, која е во Штип, а живеат во Струмица можат да ги достават документите во Струмица и да не патуваат по овие високи температури“, вели Џидров. Тој посочи ...