Вечерва од 18:45 часот Шкендија на Арената “Тодор Проески“ во Скопје, во меч од 2.коло во Лигата на Конференции, ќе го дочека Шелбурн, тим од Р. Ирска. Секако дека се очекува добар настап и добар резултат на нашиот шампион, а стратегот Јетон Беќири веќе го објави стартниот состав. Во него се: Гаје, Трумчи, Цаке, Фетаи, Вебстер, Зејнулаи, Алхасан, Тамба, Красничи, Љатифи, Ибраими. Од ова се гледа дека Беќири мечот ќе го започне со најсилниот тим ...
Екипата на Шкендија го игра првиот европски дуел на домашен терен во Конференциската лига на УЕФА. Во Скопје доаѓа екипата на Шелбурн од Ирска, против која тетовчани ќе бркаат три историски бода. Тренерот Јетон Беќири го одреди составот за овој натпревар. Немаше драстични промени и изненадувања во тимот кој настапи и на претходните европски дуели, освен измените во редот за врска каде играат Зејнулаи и Алхасан, наместо Ќака и Рамадани како на ...