Данило Каталди не постигнува премногу голови во кариерата, но денешниот победнички погодок против Калјари е нешто што фудбалерот на Фиорентина ќе го памети цел живот. Не поради фактот што со тој погодок „виолетовите“ стигнаа до трите бода, туку бидејќи Каталди пред мечот комуницирал со Едоардо Бове и му ветил на соиграчот кој минатата седмица имаше срцев удар на терен дека ќе даде гол и ќе му го посвети на него. Затоа, очигледна беше среќата на ...

Фиорентина ја продолжи серијата на одлични резултати во Серија А и дојде до трите бода во соочувањето со Калјари на „Артемио Франки“. Виолетовите славеа со 1-0 и со тоа го задржаа чекорот со водечките тимови во шампионатот. Погодокот вреден три бода беше дело на Данило Каталди кој по натпреварот обелодени дека му ветил на Едоардо Бове дека ќе постигне гол за него, асот кој минатата седмица имаше непријатна ситуација и животот му висеше на конец. ...