Дојде време за првата ракометна „класика“ во мак-ракометот. Еурофарм Пелистер и Вардар ќе го одиграат дербито на денот на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски“. Ждрепката за овогодишното издание на турнирот во Охрид посака „вечните“ ривали да се сретнат уште во групната фаза, а токму овој дуел може да биде одлучувачки за двете екипи, во битката за првата позиција на табелата. По првото одиграно коло во предност е најтрофејниот. Вардар забележа ...

Ракометарите на Еурофарм Пелистер се бореа со сите сили да стигнат до пресврт против Динамо Панчево, но на крајот мораа да се помират со реми (24-24). Натпреварот на турнирот „Крсте Андоновски“ донесе одлична игра од српскиот претставник, а нашиот првак се бореше за комплетен пресврт, но ударот на Видомски во последната секунда заврши над голот. Сега, за да игра во финалето, Еурофарм Пелистер чека услуга од Вардар 1961 кој игра со Тримо Требње. ...

Еурофарм Пелистер – Вардар 28:23 (12:10) Ракометарите на Еурофарм Пелистер од Битола извојуваа нова голема победа над вечниот ривал, Вардар 1961, на турнирот „Крсте Андоновски“ во Охрид, со конечен резултат 28:23, полувреме На стартот на натпреварот Еурофарм Пелистер не успеваше да создаде видлива предност, а во орвите дваесетина минути разликата се одржува на гол предност, а првпат битолчани отидоа на +2, а потоа и прво водство од три гола. ...