Струга по 53-ти. пат ќе биде домаќин на меѓународниот ракометен турнир, а организаторот го одреди текот на натпреварите. Турнирот ќе се игра вкупно четири дена, а ќе започне на 13 август со езерското дерби меѓу Струга и ГРК Охрид од 18:30 часот. Во дуелот на двата суперлигаши, фаворити се „рибарите“ кои предводени од Ројевиќ важат за една од екипите за највисок дострел во Суперлигата. Настанот ќе се игра од 13 до 16 август, а во продолжение ...
Со „езерското дерби“ денеска стартуваше новото издание на најстариот ракометен турнир во Македонија, легендарниот Струшки турнир. Охрид славеше против големиот ривал Струга со 23-31. Првото полувреме помина во релативно израмнета игра во која за нијанса подобри беа охриѓани кои на пауза заминаа со позитива од 11-14. Во вториот дел Охрид ја оправда фаворитската улога и на крајот стигна до сигурен триумф од 23-31. Во вториот натпревар денеска ќе ...