Економија ПОСКАПУВА ДИЗЕЛОТ И МАЗУТОТ, бензините ќе се продаваат по стара цена 19.08.2024 Малопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за формирање на цените, се зголемуваат во просек за 0,50%, одлучи денеска Регулаторна комисија за енергетика. Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, не се менуваат, односно остануваат на исто ниво. Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното ...

Регулаторната комисија за енергетика на денешната седница одлучи да ја зголеми малопродажната цена на дизел горивото за половина денар, а цената бензините еуросупер бс-95 и еуросупер бс-98 не се менува. Одлуката стапува на сила на полноќ. Па така од утре дизелот ќе изнесува 71,50 ден/литар. За половина денар ќе се зголеми и цената на екстра лесното масло за домаќинство и ќе изнесува 71 денар. Малопродажната цена на мазутот се зголемува за 0,491 ...