Вистински дерби дуел во „Билјанини Извори“, со неверојатно сценарио. ГРК Охрид имаше голема шанса да слави против Вардар 1961, водеше неколку пати со шест гола разлика, но не успеа да се снајде. На другата страна „црвено-црните“ на крилата на Васил Гогов и неговите 12 одбрани дојде до победа од 26-27. Борозан со девет гола беше прв стрелец кај победникот, неколку беа во клучните моменти. На другата страна Орјоникидзе имаше 10 погодоци. Помалку ...
Ракометарите на Вардар триумфираа на гостувањето кај Охрид со 26-27 (16-11) во рамките на 21. коло на Суперлигата. „Гладијаторите“ имаат за што да жалат, бидејќи имаа шест гола предност во вториот дел, ама потоа меѓу стативите почна да лудува Васил Гогов и режира пресврт. Исто така, вреди да се напомене дека охриѓани немаа постигнато гол во последните осум минути од средбата. Гостите поведоа само на стартот со првиот гол, а потоа Охрид успеа да ...