Македонската тенисерка Лина Ѓорческа ја оправда фаворитската улога во денешниот меч од второто коло на турнирот во Слобозија, Романија што се игра за награден фонд од 40.000 долари. Таа како трета носителка без поголеми проблеми ја совлада домашната тенисерка Бјанка Барбулеску со 2-0 во сетови (62 60) за 65 минути игра. Мечот беше изедначен само на почетокот и резултатот 2:2 во гемови во првиот сет. Од тој момент до крајот на сетот македонската ...
Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа ќе игра финале на ИТФ турнирот во Слобозија, Романија. За Ѓорческа тоа ќе биде четврто финале во 2025 година и ќе атакува на втората титула. Македонката во денешното полуфинале беше подобра од романската тенисерка Марија Попа со 2-0, по сетови 6-1 и 6-4. Во финалето Ѓорческа ќе игра со уште една романска тенисерка Елена Бертеа, која во два сета со 6-3 и 7-6 ја победи сонародничката Георгина Кракун. ...