Ракометарите на Алкалоид со секој нов европски натпревар продолжуваат да испишуваат нови страници во клупската историја, откако вечерва со пет гола предност го совладаа Рунар Сандефјорд во првиот полуфинален дуел од ЕХФ Европскиот куп. Норвешкиот тим досега ги елиминираше Целје, Олимпијакос и Бешикташ, но вечрева беше немоќен да ги запре налетите на избраниците на Лазаров, кои одиграа маестрално и со 42 постигнати погодоци си го трасираа патот ...

Алкалоид со пет гола позитива патува на реван мечот во рамките на полуфиналето во ЕХФ Европскиот Куп. Кирил Лазаров и неговите момци на домашен терен го совладаа норвешкиот состав на Рунар со 42-35. „Очекував тежо меч, видовме многу видео матријали, играа многу добра сезона во домашното првенство, ги респектираме. Победивме пет гола, имаме седум дена да го подготвиме мечот, но ќе биде многу тешко таму. Заслуживме да победиме денеска, но можеби ...