Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа се пласира во осминафиналето на турнирот во Љубљана, победувајќи ја Петра Марчинко со 2-0 по еден час и 40 минути борба. Тетовчанката тргна фуриозно, одзеде два противнички сервиси на стартот и поведе со 3-0. Сепак, Марчинко имаше одговор на тоа и возврати со иста мера, израмнувајќи го резултатот (3-3). Ѓорческа се консолидира и веднаш направи нов брејк, за потоа од втората сет-топка да дојде до 6-4 ...

Maкедонската најдобра тенисерка Лина Ѓорческа обезбеди четвртфинале на турнирот во Марибор откако денеска славеше победа од 2-1 во сетови над Французинката Џесика Покет (6-4, 2-6 и 7-6). Ѓорческа беше подобра во првиот сет и успеа да го освои со 6-4, но потоа Покет заигра подобро во вториот и нашата тенисерка освои само два гема. Голема борба видовме во третиот последен сет кој се решаваше во тај-брејк. За место во полуфиналето Ѓорческа утре ќе ...