Иван Јорданов го доби уверението за градоначалник на Општина Штип. Со ова тој ќе ја извршува градоначалничката функција уште четири години, и е првиот градоначалник на Штип кој доби поддршка од граѓаните два мандати последователно. Беа доделени и уверенија на новоизбраните советници. Јорданов повика на конструктивност во советот и носење на одлуки кои се од суштинско значење за градот. „Сакам да се обратам до советниците во Советот на Општина ...
Денес, со врачувањето на Уверението за избран градоначалник, кој ќе раководи со општина Битола во наредните 4 години од страна на претседателот на Општинската изборна комисија Игор Талевски, влегувам во новиот четиригодишен мандат, како градоначалник на општина Битола, овјави Тони Коњановски. Зад себе оставам мандат со четири години посветена работа во интерес на граѓаните на Битола. Кога ќе направам ретроспектива на изминатите 4 години, во кои ...
Дејан Проданоски и формално стапува на функцијата градоначалник на Прилеп, откако денес ја доби потврдата од Општинската изборна комисија. Тој ја нарече функцијата „голема чест, но и уште поголема одговорност“, и најави дека влегува во мандатот со идеја за „почит, континуитет и нова енергија“. Во првото јавно обраќање по приемот на уверението, Проданоски им се заблагодари на прилепчани за довербата, нагласувајќи дека токму таа доверба ќе му ...

