Ексклузивна модна вечер посветена на финалето на „Топ Модел Европа Балкан“ ќе се одржи на 26 октомври во престижниот хотел „Москва“ во Белград, со силен македонски печат. На настанот, кој ќе ги обедини најдобрите модели од регионот, ќе учествуваат 20 македонски манекени и манекенки, а свои ревии ќе имаат и три реномирани домашни дизајнерки. Дваесетте македонски таленти ќе се натпреваруваат за титулата победник и за можноста да го претставуваат ...

Модниот свет ќе ѝ се поклони на Фросина Кулакова на 26 октомври во Белград, во рамки на финалната вечер на „Топ Модел Европа Балкан“ што ќе се одржи во престижниот хотел „Москва“. Неповторливата дизајнерка, која остави силен печат во македонската мода, ќе биде чествувана со специјална трибјут-ревија на нејзината последна колекција. Токму оваа колекција, создадена со нејзината препознатлива креативност и посветеност, ќе ја потсети публиката на ...