Продолжуваат да се менуваат тренерите во Работнички. „Романтичарите“ оваа сезона ќе добијат четврти тренер, откако денеска клубот се одлучи да го раскине договорот со Ален Тупајиќ. Работнички е во жестока борба за опстанок, и веќе нема право на грешка со тренерите, затоа што во пролетниот дел го очекува жестока битка за останување во прволигашката конкуренција. Сезоната ја почна Бојан Маркоски, потоа дојде Ердем Алпарслан, па после Ален Тупајиќ. ...

Екипата на Работнички повторно ќе тргне во потрага по ново решение на тренерската позиција, откако клубот од Дебар Маало и Ален Тупајиќ решија да ја прекинат соработката. Српскиот стратег се задржа кратко на клупата на „романтичарите“, во период кој не донесе резултатски пресврт. Тупајиќ во Работнички пристигна како обид за стабилизација по турбулентниот почеток на сезоната, но неговиот ангажман не успеа да ја промени сликата на теренот. Тимот и ...