Решени сме да одиме кон посилна, поотпорна и поинтегрирана европска иднина бидејќи Западниот Балкан не е повеќе чекална туку регион што се развива, порача денеска премиерот Христијан Мицкоски во своето обраќање на Лидерската средба ЕУ-Западен Балкан. „Нашиот регион е витален дел од Европа и интегрален дел од нејзината иднина. Западниот Балкан е регион богат со потенцијал и со амбиција иако пречесто има наративи за поделби. Но, кога ќе ја ...

Западен Балкан повеќе не е чекална и кога ќе погледнам во просторијава, гледам регион дефиниран од дух кој одбива да биде оставен назад, нагласи денеска македонскиот премиер Христијан Мицкоски. Обраќајќи се денеска на отворањето на лидерскиот самит на ЕУ и Западен Балкан, посветен на Планот за раст, тој рече дека ова е можност за евалуација на постигнатиот напредок и дефинирање на следните чекори за зајакнување на европската интеграција на ...