Поранешната професорка и граѓанска активистка, Мирјана Најчевска не се согласува дека спорот со Бугарија е поради Договорот со Грција. Најчевска смета дека Преспанскиот договор е правно многу издржан кој што во голема мера е балансиран, но, како што вели, не до крај. -Има многу елементи кои што овозможуваат заштита на се она што претставува и наша државност и наш идентитет. Според мене, единствена грешка што е направена е што името не е сменето ...
Преспанскиот договор беше голема цена, а мислам дека и Бугарија се инспирира од него за да поставува свои барања, смета претседателката Гордана Сиљановска Давкова. – Тоа е голема цена, тогаш ни требаше НАТО, а ние им требавме ним. НАТО не беше на референдумското прашање, беше само ЕУ. Најголемата грешка кон нас е грешката во Букурешт. Дотогаш одевме нагоре во развојот во секој поглед. Потоа незаслужено останавме надвор. Правам голема разлика ...