Серхио Перез и Валтери Ботас се враќаат во Формула 1 и тоа како возачи за Кадилак, новиот тим кој ќе започне да се трка во 2026 година. Американскиот тим објави повеќегодишни договори со возачите и ги реализираше најавите на медиумите дека искусниот двоец ќе седне во болидите на новиот Формула 1 тим. Перез го напушти шампионатот на крајот од минатата година по четири сезони со Ред Бул, а претходно се тркаше за Заубер, Мекларен и Форс Индија/ ...
Кадилак влегува во Формула 1 Од следната сезона, Кадилак ќе биде дел од шампионатот на Формула 1. Минатата недела беше потврдено дека Валтери Ботас ќе биде еден од возачите, а денеска добивме информација дека на него ќе му се придружи и Серхио Перез. Мексиканецот и Финецот се со богато искуство, возејќи за Ред Бул и Мерцедес во нивните најуспешни сезони. Овој состав е возбудлив бидејќи тие ќе добијат можност за првпат да се борат за статусот на ...