Во четврток во Приштина, со почеток од 21 часот на стадионот „Фадиљ Вокри“, се игра мечот од 4.коло во Лигата на Конференции меѓу Дрита (Косово) и Шкендија (Македонија). Шкендија е клуб од Тетово, шампион на Македонија, ама интересно е како клубот и тоа на своите социјални мрежи го најави овој важен европски меч за двете екипи. „Албанско дерби во Европа“, “Надвор од границите сме едно“, Една нација, два тима – едно чувство“. Досега тоа беше ...
Шкендија е актуелен шампион на Македонија и од таа позиција се избори за место во европските натпреварувања, но ако ја погледнете нивната најава за мечот со Дрита, ќе си помислите дека тие се ти од Албанија. На фотографијата ги има знамето на Косово од каде што е Дрита, а како знаме на Шкендија наместо македонското е албанското. „Надвор од границите ние сме едно. Една нација, да тима, едно чувство“, стои во објавата на официјалниот Фејсбук ...

