Доларот паѓа, а златото е на нов рекорд. Глобалните акции и обврзници флуктуираат денеска, на првиот работен ден на берзите по празниците, додека инвеститорите го чекаат исходот од трговските преговори на САД со партнерските земји. Трговците се загрижени и поради најавите дека американскиот претседател можеби се подготвува да го разреши претседателот на Федералните резерви (Фед), Џером Пауел, што дополнително ја поттикнува нервозата на пазарите. ...
Златото продолжи со силен раст и се искачи над 3.500 за унца за прв пат, бидејќи загриженоста дека претседателот Доналд Трамп може да го разреши претседателот на Федералните резерви, Џером Пауел, предизвика бегство од американските акции, обврзници и доларот. Златото доби до 2,2 отсто во вторник, по скок од 2,9 отсто во претходната сесија. Трамп повика Фед веднаш да ги намали каматните стапки, потег кој се гледа како закана за независноста на ...