„Владата е фокусирана на остварување на зададените цели и напорно работи за подобрување на иднината во Македонија, а овие се настаните кои го одбележаа денот“, вели ВМРО-ДПМНЕ и додава: Владата донесе одлука за ограничување на маржата за 1.000 производи. МВР со нов мултимедијален центар за обука со цел поефикасна и попрофесионална полиција. Министерот Тошковски со оценка, 80 години Оддел за заштита на определени личности и објекти, заради нив ...
Владата на седница во вторникот донесе одлука за ограничување на бруто профитната маржа на 102 групи производи или на повеќе од 1.000 прехранбени и непрехранбени производи. На 5 отсто се ограничува бруто профитната маржа на основните осум прехранбени производи: млеко, леб, брашно тип 400 и 500, јајца, масло за јадење, јогурт и кисело млеко. На 10 отсто е ограничена маржата на месо и преработки од месо, шеќер, млечни производи, маргарин, путер, ...