Калчолигашот Интер освои четири од можните шест бода по првите две кола на Светското клупско првенство во Соединетите Американски Држави, но допрва престои клучниот дуел за пласман во нокаут фазата, а тоа е пресметката со Ривер Плата. Аргентинците исто имаат 4 бода и се на врвот на табелата поради подобрата гол разлика и се очекува да биде доста интересно на ова соочување во кое исто време со внимание ќе се прати пресметката меѓу Монтереј и ...
Европскиот вицешампион Интер се избори за победа над Ривер Плата од 2-0 во клучниот натпревар од групата Е на Светското клупско првенство. Ова беше дуел во кој двете екипи влегоа со четири бода и едноставно беше да се биде или не за двата состави затоа што се очекуваше Монтереј да оствари победа над Урава Ред Дајмондс, сценарио кое се оствари, па на крајот Ривер Плата заврши како трета и е елиминирана од турнирот што се одржува во САД. Еспосито ...
Фудбалерите на Интер со победа од 2-0 над Ривер Плата дојдоа до првото место во групата „Е“ и продолжуваат во осминафиналето на Светското клупско првенство. Екипата од Милано долго се мачеше да го скрши отпорот на квалитетниот противник, но тоа го направи дури откако Ривер Плата остана со играч помалку на теренот. Мартинес беше исклучен во 65-тата минута, а само седум минути подоцна Интер поведе со 1-0 со голот на Франческо Еспосито. Конечните ...
Интер ќе се соочи со Ривер Плата во последното коло од групната фаза на Светското клупско првенство, а овој натпревар е уште дерби меѓу претставници на Европа и Јужна Америка. Италијанскиот состав досега освои четири бодови и ќе брка позитивен резултат со кој може да го освои првото место во групата, а тренерот Кристијан Киву го најавил натпреварот со оценка за ривалот, но и за идната голема ѕвезда Франко Мастантуоно. – Очекуваме тежок ...