Попладнево избувна пожар во депонијата кај спортскиот центар „Борис Трајковски“, веднаш покрај хотелот „Александар Палас“ во Скопје. Противпожарната бригада на Град Скопје е на терен за справување со огнената стихија. Засега не се пријавени повредени лица, но густ чад се ширеше кон околните објекти и можеше да се забележи уште од далеку. Причините за пожарот засега не се познати. Се очекуваат повеќе информации по завршување на интервенцијата и ...
Регионалниот центар за управување со кризи – Скопје, известува дека Противпожарната бригада, од околу 12:00 часот во кругот на поранешната депонија Вардариште на поголема неутврдена површина, гаснат запалена сува трева и отпаден материјал. Моментално во гаснењето учествуваат седум противпожарни возила и најмалку 20-тина пожарникари. Поради опасноста од зафаќање на трафостаница и електрични водови, превентивно струјата е исклучена и поради тоа ...